Достапни линкови

logo-print

Одрони и свлечишта на повеќе патни правци


Илустрација.

Илустрација.

Поради свлечиште на патниот правец А3 обиколница Битола -Ресен во прекин е сообраќајот во двата правци. Како алтернатива сообраќајот е пренасочен преку градот Битола.

Eкипите на Ј.П.Македонијапат ги расчистија свлечиштата на патниот правец Кочани – Делчево, но поради врнежите од дожд и можноста од повторно активирање на свлечиштата патниот правец останува затворен за сообраќај. Сообраќајот е пренасочен преку Виница-Смојмирово-Делчево.

Од вчера во прекин е и патот село Долни Полог-село Облешево пред Кочанска Река. Според информација од МВР од 12:20 часот вчера на регионалниот пат Берово – Виница кај м.в. Обозна поради одрон на камења сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лента.

На патниот правец Куманово – Крива Паланка кај с.Страцин има свлечиште со кал и земја, со што е зафатена една лента од патот. Сообраќајот на сите останати државни патишта во Македонија се одвива без забрани, по влажни коловози.Слаб снег провејува на Попова Шапкакој не се задржува на коловозот.

XS
SM
MD
LG