Достапни линкови

Временска прогноза - дожд, на планините снег


Времето денеска ќе биде облачно со врнежи од дожд, на планините од снег. Врнежите од дожд поинтензивни ќе бидат во јужните и источните делови каде на места се очекува да наврнат над 25 л/м2 воден талог. На планините врнежите ќе бидат од снег и висинската граница на снежните врнежи ќе се спушти до 1000 метри надморска височина.

Температурата ќе се движи од пет до 12 степени.

Во Скопје слично време со температура до 10 степени.

Врнежи ќе има и во понеделник, но тие ќе бидат со послаб интензитет.

Од вторник утрата ќе бидат посвежи со минимални температури околу нулата.

XS
SM
MD
LG