Достапни линкови

logo-print

Коцијанчич - Помошта за мигрантите не оди само на владини сметки


портпаролката на ЕК Маја Коцијанчич.

портпаролката на ЕК Маја Коцијанчич.

Европската комисија досега дала помош за Македонија за изградба на капацитетите на државата на многу полиња, вклучувајќи подигнување на капацитетот на релевантните министерства и граничната служба за управување со границата, за прашања од областа на азилот и мигрантите, се вели во изјавата на Европската комисија за НоваТВ, во врска со тврдењата дека земјава не добила поддршка од ЕУ.

„Од почетокот на кризата, ЕК исто така обезбеди дополнителна хуманитарна помош, за земјата да не ги сноси сама трошоците. Комисијата започна со соработка со тамошните власти за да одреди дали е потребна дополнителна помош, што не секогаш е лесен процес. Ова го истакна и комесарот Хан во писмото до претседателот Иванов пред неколку дена. Поддршката за земјата во однос на активностите со мигрантите и граничното управувањето со азилантите чини речиси 50 милиони евра“, вели портпаролката Маја Коцијанчич.

„Треба да бидеме свесни за една работа - правилата за тоа како ние ги трошиме парите на даночните обврзници се многу стриктни. Ние не ги ставаме само парите од ЕУ на банкарските сметки на владата – ние поддржуваме или финансираме опрема и активности на основа на утврдените потреби“, се вели во изјавата од ЕК, во која се наведува дека Македонија од 2007 година досега добила севкупна помош од ЕУ од 900 милиони евра.

Претседателот Ѓорге Иванов претходно, во интервју за германскиот весник Билд, рече дека Македонија веќе потрошила 25 милиони евра за мигрантската криза, а од Европа не добила ниту еден цент.

XS
SM
MD
LG