Достапни линкови

Грција се надева на подобра ситуација во Идомени за една недела


Грција се надева дека ситуацијата во кампот Идомени, на границата со Македонија, каде се блокирани 14 илјади мигранти, за една недела ќе биде подобрена, изјави денеска заменик министерот за одбрана Димитрис Вицас, пренесуваат француските медиуми. Тој подвлече дека Владата се обидува да „ги убеди“ мигрантите, меѓу кои има многу семејства со деца, да се сместат во некои од прифатните центри во земјата. Вицас напомена дека 400 лица вчера веќе го напуштиле кампот Идомени за да се засолнат во блиските прифатни центри во северна Грција.

Според него, до крајот на неделата ќе се обезбедат 50 илјади места во прифатните центри. Сега во земјата има малку над 40 илјади места.

Грчките власти се обидуваат да ги убедат стотиците илјади бегалци, кои се натрупани во камповите и пристаништата низ земјата, дека главниот пат за Европа им е затворен, но во земјата доаѓаат уште стотици и стотици мигранти, главно од Блискиот Исток и Африка. Според грчките медиуми, бројот на мигранти во Грција сега надминува 42 илјади лица.

XS
SM
MD
LG