Достапни линкови

Молотов коктел во кабинетот на косовскиот претседател


Маскирани напаѓачи утринава искршиле прозорци и фрлиле молотов коктел во Кабинетот на косовскиот претседател, но не успеале да ја запалат зградата. Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот во центарот на Приштина, кој владата го осуди како „опасен за уставниот поредок и стабилноста на земјата“. Во моментот на нападот во претседателскиот кабинет немало никој и нема повредени. Дел од надворешниот ѕид на зградата, кој се наоѓа на фреквентна улица во Приштина, е исцрнет од чадот. Полицијата трага по автомобил за кој претпоставува дека бил користен од напаѓачите. Кабинетот во моментов го користи претседателката во заминување Атифете Јахјаха, а наредниот месец треба да биде преземен од новоизбраниот претседател Хашим Тачи.

Косово со месеци се соочува со политичка криза, зашто опозицијата ја напаѓа власта поради договорот со Белград, постигнат со посредство на ЕУ, со кој им се даваат поголеми права на косовските Срби.

XS
SM
MD
LG