Достапни линкови

logo-print

Германскиот печат за СЈО и за Иванов


Во текстот под наслов „Македонија: Недопирливите против државната мафија“, Шпигел пишува за македонските обвинителки од СЈО, Катица Јанева, Фатиме Фетаи и Ленче Ристовска. Во статијата се наведува дека трите обвинителки покажале храброст при истражувањетона случаи како изборните измами, афера со прислушување, корупција, во кои е вплеткана политичката елита во Македонија.

„Станува збор за изборна измама, афера за прислушување, корупција и многу повеќе - истраги за еден речиси непрегледен комплекс од криминални махинации на авторитарно- националистичкиот режим на Никола Груевски. Тој веќе десет години е моќната личност во Македонија. Потребна е храброст во овој режим отворено да се искаже сопственото мислење. Трите јавни обвинителки покажуваат храброст“, пишува Шпигел.

Во меѓувреме германскиот печат продолжува и со реакциите по интервјуто на претседателот Ѓорѓе Иванов за весникот „Билд. „Зиддојче Цајтунг“ пишува дека пораките на Иванов се наменети за домашната јавност. Иванов се обиде да ја искористи позицијата на својата држава во бегалската криза за во интервју за весникот „Билд“ да обвини дека неговата земја „отсекогаш била жртва на институциите на ЕУ“, пишува „Зиддојче Цајтунг“. Но сметката која Македонија може да и ја испорача на ЕУ, почнува и завршува на граничната ограда, продолжува весникот.

XS
SM
MD
LG