Достапни линкови

Трамп го откажа митингoт во Чикаго поради безбедносни причини


Кандидатот на Републиканската партија за претседателските избори во САД, Доналд Трамп, го откажа синоќешниот митинг во Чикаго поради безбедносни причини, откако настанало недоразбирање меѓу неговите поддржувачи и неговите критичари.Во соопштението се наведува дека по средбата со полицијата во Чикаго, Трамп изјавил дека собирот се одложува за друг датум, заради безбедноста на илјадниците луѓе во и надвор од салата каде требало да се одржи митингот. Освен вербални судири, имало и тепачки меѓу поддржувачите и критичарите на Трамп.

XS
SM
MD
LG