Достапни линкови

logo-print

МОСТ - Нефункционалниот систем причината за недоверба во избирачкиот список


Нефункционалниот систем е причината за недовербата во избирачкиот список, соопштија на прес конференција од Граѓанската асоцијација МОСТ.

„Тоа што мораме да го констатираме е дека моменталната состојба е последица од немањето на функционален систем со прецизни процедури и алоцирани одговорности, што остава можност за злоупотреби. За да добиеме кредибилен избирачки список, сите институции инволвирани во процесот на неговото ажурирање мора да ги поддржат напорите на ДИК и заедно со оваа институција тимски да дизајнираат функционален, одржлив и ефикасен систем за ажурирање на Избирачкиот список. Со тоа, ќе може прецизно да се утврдат и одговорностите за евентуалните неточности во него.“

Од МОСТ препорачуваат ДИК да се издигне над партиските интереси и да изврши теренска проверка на сите пријавени случаи од страна на граѓаните!

МОСТ излезе со препораки за водење и ажурирање на Избирачкиот список. Тие на располагање имаат и бесплатна телефонска линија за граѓаните кои сакаат да пријават нерегуларности во избирачкиот, како и случаи на притисоци и поткуп на гласачи.

XS
SM
MD
LG