Достапни линкови

Во близина на албанската граница пристигнаа првите бегалци


Првата поголема група бегалци пристигна блиску до албанската границата со Грција, јави дописникот на МИА од Тирана. Група од 162 бегалци, главно семејства со деца, која тргнала од пристаништето Пиреја, синоќа пристигнале во Коница, кај грчкиот пограничен град Јанина, на 12 километри од границата со Албанија. Станува збор за сириски државјани. Албанската полиција веќе го зајакна присуството на границата со Грција, а деновиве на албанските безбедносни сили треба да им се приклучат и италијански полициски експерти.

XS
SM
MD
LG