Достапни линкови

logo-print

МВР со кривична пријава за претседателот и членови на РКЕ


Единицата за економски и компјутерски криминал до надлежното Основно јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против претседателот и членови на Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија кои се осомничени за злоупотреба на службена положба и овластување, соопшти МВР.

Кривична пријава е поднесена против претседателот на Регулаторната комисија и против тројца членови, кои, како што се наведува во соопштението ја злоупотребиле службена положба и овластување со што го оштетиле Буџетот за износ од 8.056.293 денари.

XS
SM
MD
LG