Достапни линкови

Во Србија се одбележуваат 13 години од убиството на Ѓинѓиќ


Денеска се навршуваат 13 години од убиството на првиот демократски избран премиер на Србија и лидер на Демократската партија Зоран Ѓинѓиќ.

Членовите на српската Влада, предводени од премиерот Александар Вучиќ утрово положија венци на спомен-плочата во седиштето на владата, на местото каде беше убиен Ѓинѓиќ.

Поради организирање на убиството на премиерот, на 40 години затвор осуден е поранешниот командант на специјалните полициски единици „црвени баретки“ Милорад Улемек. На иста казна осуден е и Звездан Јовановиќ, непосреден извршувач на убиството и поранешен заменик на Улемек.

Политичката позадина на убиството на Ѓинѓиќ се уште не е позната.

XS
SM
MD
LG