Достапни линкови

Временска прогноза - дождлив викенд


Времето претпладне во централните и источните делови од земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во пладневните часови ќе започнат повремени врнежи од дожд кои во вечерните часови ќе се прошират насекаде. Врнежите ќе продолжат и преку ноќта кон недела и ќе се пообилни на југот од земјата.

Дневната температура ќе достигне до 15 степени.

Во Скопје претпладне сончево со мала до умерена облачност, а во попладневните часови со повремен дожд, пообилен дождот ќе биде преку ноќта. Дневната темепература ќе се искачи до 14 степени.

Од утре попладне до понеделник под влијание на нов влажен бран повторно ќе има врнежи од дожд кои најпрво ќе започнат во јужните делови, а до крајот на денот ќе се прошират низ целата земја. Поинтензивни врнежите ќе бидат во текот на ноќта, како и во недела преку денот. На повеќе места до понеделник наутро се очекува да наврнат 35 л/м2 дожд.

Врнежи ќе има и во понеделник, но тие ќе бидат со послаб интензитет.

Во недела на планините врнежите ќе бидат од снег, а во понеделник висинската граница на снежните врнежи ќе се спушти и до 1000 м надморска висина.

XS
SM
MD
LG