Достапни линкови

logo-print

Бугарија инсистира ЕУ да ги штити сите граници со Турција


Бугарскиот премиер Бојко Борисов

Бугарскиот премиер Бојко Борисов

Бугарскиот премиер Бојко Борисов денеска испрати писмо до претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, во кое инсистира ЕУ да предвиди заштита на сите надворешни граници со Турција, јави БТА. Писмото е поврзано со преговорите на ЕУ со Анкара за суштинско намалување на миграцискиот прилив. Според Борисов, ваквата мерка ќе обезбеди заштита на цела ЕУ. Бугарскиот премиер забележува дека не сите надворешни граници на ЕУ се граници и на Шенген зоната. Тој посочува дека сите држави од фронталната линија треба да можат да сметаат на помошта од ЕУ во управувањето и обезбедувањето на надворешните граници, а не да бидат оставени самите да се справуваат со проблемите. Тој во писмото уште пишува дека ЕУ не треба да се фокусира единствено врз чувањето на грчко-турската поморска граница, дотолку повеќе што правецот на движење на мигрантите е непредвидлив. Тој инсистира преговорите со Анкара да ги опфатат копнените граници на Турција со Грција и Бугарија, како и границата во Црно Море меѓу ЕУ и Турција.

XS
SM
MD
LG