Достапни линкови

Полската влада го става Уставниот суд под своја капа


Претседателот на Уставниот трибунал на Полска Анджеј Рзеплински

Советот на Европа соопшти дека реформите во Уставниот суд на Полска „ќе ја поткопаат демократијата“ во земјата. Венецијанската комисија денеска соопшти дека реформите што се предлагаат од полската влада исто така ќе ги ослабнат „човековите права и владеењето на правото“.

Полскиот претседател во декември ги потпиша измените на законот со кои се утврдува начинот на донесување на одлуки од судот, кој според критичарите неправедно ќе го зајакне влијанието на владата врз судот. Измените потпишани од претседателот Анджеј Дуда на 28 декември предвидуваат поголемиот дел од пресудите да се носат со двотретинско мнозинство од судиите, а на расправите за најспорните случаи да бидат присутни најмалку 13 од 15-те уставни судии. Критичарите сметаат дека овие измени се прават за петтемина неодамна назначени уставни судии од страна на парламентот во кој мнозинство има владејачката конзервативна партија „Право и правда“, да може да влијаат на сите клучни одлуки на судот, затоа што ќе бидат неопходни за да се постигне кворум за работа.

Советот на Европа со седиште во Стразбур е меѓувладина организација во која членуваат 47 земји и која има за цел да ги промовира човековите права, демократијата и владеењето на правото.

XS
SM
MD
LG