Достапни линкови

Прекршување на примирјето во Нагорно-Карабах


Илустрација

Илустрација

Азербејџан и отцепениот регион Нагорно-Карабах меѓусебно се обвинуваат за кршење на примирјето со интензивно бомбардирање. Азербејџанското министерство за надворешни работи соопшти дека армијата синоќа пукала кон ерменските позиции во Нагорно-Карабах за да ги спречи да го нападнат градот Акдам. Тие соопштуваат дека биле убиени 10-15 ерменски војници и била уништена нивната опрема. Воените лидери на Нагорно-Карабах негираат дека стрелале кон цивили и дека нивните војници биле принудени да возвратат на огнот, кога азербејџански војници сакале да се инфилтрираат на нивна територија. Тие велат дека не претрпеле загуби.

Баку и Ереван 25 години се во спор за регионот Нагорно-Карабах. Сепаратистите поддржани од Ерменија го освоија регионот, во кој мнозинството жители се Ерменци, во војната во 90-тите години од минатиот век во која загинаа околу 30 илјади луѓе. Меѓународните дипломатски напори за решавање на конфликтот направија само напредок.

XS
SM
MD
LG