Достапни линкови

Турска опозиција - Ние да ѝ платиме на Европа да ги земе бегалците


Претседателот на главната турска опозициска Републиканска народна партија Кемал Килиџдаролу

Претседателот на главната турска опозициска Републиканска народна партија Кемал Килиџдаролу

Претседателот на главната турска опозициска Републиканска народна партија Кемал Килиџдаролу вели дека Турција би требало на Брисел да му плати шест милијарди евра да ги однесе сите бегалци кои се наоѓаат во Турција, наместо да стане тампон-држава за ЕУ во согласност со бегалскиот план.

„Ајде да ѝ дадеме на Европа шест милијарди евра и нека тие сами ги водат сите Сиријци, Авганистанци и Пакистанци“, рече денеска Килиџдаролу во изјава за турскиот весник „Хуриет“.

Овој турски политичар додаде дека заедничкиот план за бегалци кои го подготвиле ЕУ и Анкара ја претвора Турција во „тампон провинција“.

На самитот ЕУ-Турција во понеделникот е постигнат договор за ставање под контрола на приливот мигранти од Блискиот Исток кои во ЕУ доаѓаат преку Турција, за кои Анкара бараше дополнителни три милијарди евра на веќе договорената сума од три милијарди евра.

XS
SM
MD
LG