Достапни линкови

Димитриев - Да не се прави фама од прочистувањето на избирачкиот список


Сите случаи коишто се дадени до Државната изборна комисија ќе бидат проверени и не треба да се прави фама од тоа бидејќи тоа е суштина на процесот наречен прочистување на Избирачкиот список, изјави денеска претседателот на Владата за спроведување на изборите Емил Димитриев, одговарајќи на новинарски прашања.

Пријавите од граѓаните, според Димитриев, не може да го забават процесот на прочистување на Избирачкиот список. Тие пријави, посочи, се добредојдени, ги поздравуваме и треба да бидат аргументирани бидејќи согласно пријавата ќе бидат ангажирани институции за нејзина проверка.

XS
SM
MD
LG