Достапни линкови

Русија и Кина против севернокорејското тестирање балистички проектили


Русија и Кина ја повикаа Северна Кореја да прекине со тестирањето балистички проектили и да се врати на преговорите за нуклеарната програма. Шефовите на дипломатиите на Русија и на Кина, Сергеј Лавров и Ванг Ји, го упатија овој повик по разговорите во Москва. Двајцата се сретнаа еден ден откако Северна Кореја им се спротивстави на ОН, испукувајќи два балистички проектили со краток дострел кон морето.

Лавров рече дека Москва смета оти однесувањето на Пјонгјанг е неодговорно.

Северна Кореја има големи залихи од проектили со краток дострел, а развива такви со долг дострел, како и интерконтинентални ракети.

Коментирајќи ги растечките нуклеарни амбиции на Северна Кореја, Ванг рече дека последната резолуција на ОН за забрана на нуклеарни тестирања треба да биде спроведена „точка по точка“.

Претходно денеска, севернокорејските државни медиуми објавија дека лидерот Ким Џонг Ун го набљудувал тестирањето на балистичките проектили и наредил државата да ја подобри својата способност за нуклеарен напад со спроведување на повеќе тестови.

XS
SM
MD
LG