Достапни линкови

Се зголемува бројот на бегалци и мигранти на грчките острови


Архивска фотографија

Архивска фотографија

На островите во северниот дел на Егејското Море има сè повеќе заглавени бегалци и мигранти, соопштија грчките власти. На островите Лезбос, Хиос и Самос моментно има 7.614 идентификувани лица, кои се подготвени да заминат за Пиреја. Во последните 24 часа на островот Лезбос се регистрирани 821 нови бегалци, со што вкупниот број, само на овој остров достигна 5.019 идентификувани бегалци и мигрантите. На Хиос се регистрирани 2.081, а на островот Самос 514 бегалци и мигранти.

XS
SM
MD
LG