Достапни линкови

logo-print

Иванов – ЕУ нè лаже и манипулира веќе 25 години


Претседателот Ѓорге Иванов

Претседателот Ѓорге Иванов

Претседателот Ѓорге Иванов, во интервју за германскиот весник Билд, вели дека Македонија е „предадена и напуштена“ од ЕУ. Иванов жестоко ги критикува и ЕУ и Германија. На прашањето, дали Македонија се чувствува излажано од ЕУ поради тоа што Турција ќе добие 6 милијарди евра и визна либерализација, а Македонија ништо и покрај тоа што ја врши „валканата работа“, Иванов вели дека не е првпат Македонија да биде напуштена од ЕУ.

„Кога за време на косовската криза примивме 360 илјади бегалци, никој не ни помогна. Затоа сега реагиравме проактивно - нашата армија ја штити границата. Во овој случај, за бегалската криза веќе плаќаме за грешките на ЕУ, веќе потрошивме 25 милиони евра пари на нашите даночни обврзници, и прогласивме кризна состојба. А што добивме од Европа? Ништо! Ниту еден цент! А сега уште мораме како земја која не е членка на ЕУ, да ја штитиме Европа од членка на ЕУ, имено Грција“, вели Иванов.

За разлика од Турција која седи на масата заедно со ЕУ и преговара околу бегалската криза, Македонија е оставена на страна, забележува новинарот на Билд, на што Иванов одговара дека за жал Македонија „е дел од менито“.

„Отсекогаш сме биле жртва на институциите на ЕУ, 25 години нѐ лажат и нѐ манипулираат. Седумпати требаше да почнеме преговори со ЕУ, но секогаш се случуваше блокада, од страна на Грција. Никој во ЕУ не може да излезе на крај со Грците, но ние треба овој конфликт со таа земја самите да го решиме“.

XS
SM
MD
LG