Достапни линкови

Јапонија ја одбележа петгодишнината од катастрофалното цунами


Јапонија ја одбележа петтата годишнина од катастрофалното цунами во кое загинаа повеќе од 18 илјади луѓе и ги исфрли од употреба реакторите на нуклеарната електроцентрала Фукушима предизвикувајќи радијација. Цунамито настана по земјотресот со јачина од 9 степени во морето. Јапонскиот император Акихито, царицата Мичико и премиерот Шинзо Абе, сите во формална облека, ја предводеа церемонијата во Токио на која учествуваа претставници на власта и преживеани од катастрофата. Пет години подоцна, 180 илјади луѓе сè уште се раселени.

XS
SM
MD
LG