Достапни линкови

Сирискита влада ќе учествува на преговорите во Женева


Марија Захарова, портпаролка на руското МНР

Марија Захарова, портпаролка на руското МНР

Русија соопшти дека владата на сирискиот претседател Башар ал-Асад најавила дека ќе испрати делегација на мировните разговори за сирискиот конфликт кои се одржуваат во Женева наредната недела. Дамаск сè уште јавно не потврдил дека ќе учествува во преговорите. На прашањето дали Русија, која е близок сојузник на Асад, го охрабрува Дамаск да учествува, портпаролката на руското МНР Марија Захарова рече: „Тие не одбиваат“.

„Тие веднаш рекоа дека ќе учествуваат, ти се подготвени, ќе пристигнат први секаде каде што е потребно“, рече таа.

Сирискиот министер за надворешни работи утре треба официјално да ја соопшти позицијата на неговата влада во однос на разговорите во Женева на прес-конференција во Дамаск.

XS
SM
MD
LG