Достапни линкови

Сирија пред нови мировни преговори


Наредната рунда на мировните преговори за Сирија треба да почне на 14 март, најави специјалниот пратеник на Обединетите нации за Сирија, Стафан де Мистура. Но, тие се под прашалник, бидејќи опозицискиот Висок комитет и сириската влада допрва треба да се изјаснат дали ќе учествуваат на преговорите.

Преговорите се очекува да бидат фокусирани врз прашањето за идното управување во Сирија, за одржување избори во рок од 18 месеци, како и за усвојување нов устав.

Оваа рунда се совпаѓа со пет годишнината од почетокот на конфликтот, што започна со протести против претседателот Башар ал-Асад.

Конфликтот потоа се претвори во многу страна војна што доведе до ангажман на повеќе странски влади и го поттикна појавувањето на терористичката организација Исламска држава.

Позицијата на сириската влада зајакнапо над пет месечните руски воздушни напади.

Сириските мировни преговори во Женева се важни, бидејќи треба обезбедат крај на војната и мир во таа земја. Со тоа луѓето ќе имаат надеж дека еднаш ќе можат да се вратат дома.

Де Мистура се обиде да покрене мировни преговори и во јануари годинава, но тие пропаднаа пред да почнат под полна пареа.Новиот напор следува по спроведувањето на делумното примирје пред една недела во кое не се вклучени милитантите на Исламската држава и Фронтот Нусра.

И покрај примирјето, борбите продолжуваат во многу делови на Сирија.

Обединетите нации го искористија делумното затишје во борбите за испорака на храна и медицинска опрема за луѓето во областите под опсада.

Во петгодишната граѓанска војна во Сирија загинаа повеќе од 250 илјади луѓе, а таа предизвика и голема бегалска криза во Либан, Турција и Европската унија.

Според многумина посматрачи и овој последен напор ќе остане уште еден од многуте обиди конечно да запрат насилствата во Сирија.

Меѓународната коалиција, предводена од Соединетите Држави се бори да ја уништи терористичката група Исламска држава во Сирија и инсистира на заминување од власт на претседателот Башар ал-Асад.

Меѓутоа, Русија и Иран го поддржуваати се против бунтовниците кои се потпомогнати од Западот и арапски сојузници како Саудиска Арабија.

Решавањето на конфликтот во Сирија ќе биде главна тема на разговорите што американскиот државен секретар Џон Кери ќе ги има во наредните денови во Саудиска Арабија и Франција.

Тој ќе го посети саудискиот град Хафар ал-Батин каде што завршува тринеделната антитерористичка вежба во која учествуваа 20 земји кои се дел од коалицијата предводена од Саудиска Арабија против милитантите на ИД.

Кери в недела во Париз ќе се сретне со шефовите на дипломатиите на Франција, Британија, Германија и Италија при што, меѓу другото, ќе се разговара и за мигрантската криза со која се соочува Европа.

Големата важност на преговорите за Сирија ја потенцира и германскиот канцелар Ангела Меркел.

„Сириските мировни преговори во Женева се важни, бидејќи треба обезбедат крај на војната и мир во таа земја. Со тоа луѓето ќе имаат надеж дека еднаш ќе можат да се вратат дома“, изјави Меркел во говорот во Баден Виртемберг пред регионалните избори во Германија.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG