Достапни линкови

Москва: хуманитарци во мигрантската криза во Македонија


Советот за граѓанско општество и човекови права што е под раководство на рускиот претседател Владимир Путин бара европски активисти за човекови права да се вмешаат во ситуацијата со мигрантите во Македонија. Ова за руската новинска агенција ТАСС го изјави заменик претседателот на Советот Евгениј Бобров. „Овој став спрема бегалците е недопустлив. Недопустливо е да сефрла солзавец врз мигрантите како што се случи пред неколку дена“, изјави Бобров.

XS
SM
MD
LG