Достапни линкови

logo-print

Германија депортирала 806 азиланти од Албанија


Германската амбасада во Тирана соопшти дека од Германија во минатата недела биле депортирани 806 Албанци, откако биле одбиени нивните барања за азил. Во соопштението од Амбасадата се наведува дека од почетокот на годината од Германија депортирани се околу 3.400 Албанци, од вкупно 55.000, колку што во 2015 побарале азил во земјата. Албанците лани претставуваа четврта по големина група азиланти во Германија, по Сиријците, Авганистанците и Ирачаните. Германија ја смета Албанија за безбедна земја, како и останатите земји од Западен Балкан, така што мала е веројатноста дека поединец би можел да биде изложен на прогонство поради кое би добил азил.

XS
SM
MD
LG