Достапни линкови

logo-print

Вонредна ситуација во цела Србија


По одржувањето на седниците на Штабот за вонредни ситуации и на српската Влада, а во врска со актуелните поплави, било решено да биде прогласена вонредна ситуација на цела територија на Србија. Одлуката е донесена како превентивна мерка со која ќе се олесни дејствувањето на сите органи на Србија во заштитата на животите и безбедноста на граѓаните и имотот. Ситуација е отежната и поради мигрантската криза, па на полицијата при заштитувањето на границите ќе им помага и Војската на Србија. Српскиот премиер Александар Вучиќ претходно изјави дека во случај дождот да продолжи да врне ќе се создадат услови да се прогласи вонредна ситуација на територијата на цела Србија.

XS
SM
MD
LG