Достапни линкови

Димитриев - Државна и осум локални комисии на МВР ќе одговараат на барања на ДИК


Министерството за внатрешни работи ќе формира работна група на државно ниво и осум на локално ниво коишто на дневна основа ќе одговараат на барањата на Државната изборна комисија, во врска со прашања поврзани со предвремените парламентарни избори закажани за 5 јуни. Ова го соопшти премиерот Емил Димитриев, по денешната средба со членовите на ДИК. На средбата присуствуваа и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Чавков, заменик-министерот за внатрешни работи Земри Ќамили, заменик министерката за правда Билјана Бришковска Бошковски, како и претставник од Управата за водење на матични книги.

„Сите шпекулации околу избирачкиот список, можам да кажам дека се вештачки пласирани, бидејќи од она што го чув од ДИК, сето ова од аспект на пријави на граѓани во избирачкиот список е лесно проверливо, рече тој.

XS
SM
MD
LG