Достапни линкови

logo-print

Бегалската криза - сериозен проблем за грчката економија


Цената на бегалската криза може да ги засегне и обидите на Грција за излез од рецесијата, покажува извештајот на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕСР), информираат американските медиуми. Според организацијата, цената на бегалската криза се проценува на околу 0,35 отсто од грчкиот БДП во 2015 година.

„Грција треба да добие значајна поддршка за да може да се справи со новиот предизвик. Ниту една држава не може сама да се справи со вакво нешто“, изјави генералниот секретар на ОЕСР, Анхел Гурија, кој денеска во Атина се сретна со грчкиот премиер Алексис Ципрас.

Според генералниот секретар на ОЕСР, во текот на оваа година грчката економија нема да забележи раст, но очекувањата се дека во текот на следната година растот ќе биде меѓу 1,9 и два отсто од бруто домашниот производ.

XS
SM
MD
LG