Достапни линкови

Путин му вети на Белград поддршка за територијалниот интегритет


Рускиот претседател Владимир Путин му вети на Белград поддршка од страна на Москва по сите прашања поврзани со заштита на територијалниот интегритет на Србија, изјави српскиот претседател Томислав Николиќ.

„Путин јасно рече дека Србија може да смета на развој на економските и политичките односи, дека можеме да сметаме на Русија насекаде каде што Србија го заштитува територијалниот интегритет и независност, особено во Косово“, рече Николиќ по работната средба со рускиот претседател Владимир Путин во Москва, јави ТАСС

Тој рече дека Србија треба да остане неутрална и да биде настрана од воените сојузи.

За време на разговорите, двајцата се договориле да ја зголемат стоковната размена меѓу двете земји на повисоко ниво, во споредба со 2015 година, кога изнесувала 1,63 милијарди долари.

XS
SM
MD
LG