Достапни линкови

Нема теренска проверка за пријавите за неправилности во избирачкиот список


Државната изборна комисија на денешната седница, со надгласување со 6-3 гласови, одлучи дека пријавите од граѓаните за неправилности во избирачкиот список нема да бидат земени предвид при утврдувањето на правилникот за теренска проверка на списокот. Досега имало околу 3.000 пријави од граѓани, а Комисијата разгледала помалку од една четвртина од нив. Правната служба во ДИК ќе ги разгледува пријавите, по што најспорните ќе бидат разгледувани на седница на ДИК и допрва ќе се договора како да постапи со нив.

XS
SM
MD
LG