Достапни линкови

Солзавец, ласери и полевање со вода во косовскиот Парламент


Пратениците од косовската опозиција денеска два пати активираа солзавец, насочуваа ласерски светлосен сноп кон министрите и го полеаја со вода премиерот Иса Мустафа, по што ја напуштија седницата, јави Танјуг. Првиот солзавец е фрлен практично пред да започне седницата, а претседателот Кадри Весељи објави половина час пауза. Три опозициски партии се спротивставуваат на формирањето на Заедница на српски општини, како и на договорот за демаркација на границата со Црна Гора. Другиот солзавец е фрлен по паузата, но и покрај тоа заседанието продолжи, по што опозицијата ја напушти салата.

Опозицијата девет пати од септември досега прекинува собраниски седници со солзавец. Кризата во косовскиот парламент трае повеќе од шест месеци и покрај апелот од меѓународната заедница дека солзавецот и молотовиот коктел не се вообичаени за демократијата.

XS
SM
MD
LG