Достапни линкови

logo-print

Чесно е да им се каже на бегалците дека балканската рута е затворена


Архивска фотографија: Австриската министерка за внатрешни работи Јохана Микл-Лајтнер

Архивска фотографија: Австриската министерка за внатрешни работи Јохана Микл-Лајтнер

Австриската министерка за внатрешни работи Јохана Микл-Лајтнер денеска во Брисел изјави дека бегалците кои се блокирани на грчката граница со Македонија треба да сфатат дека немаат шанси да ја преминат.

„Најчесно е на бегалците да им се каже: не е можно веќе да се премине преку балканската рута. Таа е затворена. Најголем проблем е што кај бегалците и натаму сè уште постојат надеж и очекувања“, истакна Микл-Лајтнер.

Таа, претходно, во интервју за германскиот весник „Ди Велт“ нагласи дека „балканската рута преку мигрантите сакаат да пристигнат до богатите земји ќе биде затворена засекогаш“.

Македонија ја затвори границата со Грција за илегални мигранти, откако Словенија, Хрватска и Србија, кои се на патот кон Австрија, објавија нови остри ограничувања за влез на мигрантите.

Минатата година повеќе од 1,5 милиони мигранти пристигнале во Европа, предизвикувајќи жестоки политички дебати ширум континентот за решавање на кризата.

XS
SM
MD
LG