Достапни линкови

logo-print

Опасност од поплави во Романија


Илустрација

Илустрација

Романскиот Национален хидрометеоролошки институт издаде предупредување од „портокалова фаза“ за евентуална опасност од поплави долж реката Дунав. Оваа мерка, како што јави државната новинска агенција Аџерпрес, стапи во сила од шест часот утрово и ќе трае до 18 часот на 18 март. Институтот наведува дека „врз основа на моментните информации не се прогнозира можност за појава на големи проблеми како резултат на зголемено ниво на водата во реката Дунав во романскиот дел, но потребно е внимателно да се набљудува развојот на хидрометеоролошката ситуација“.

XS
SM
MD
LG