Достапни линкови

Во Грција има околу 42 илјади бегалци и мигранти


Во моментов во Грција има скоро 42 илјади бегалци, покажуваат бројките на Координативното тело за управување со бегалската криза, објавени денеска. Како што јави дописникот на МИА од Атина, на островите и во регионот на Атика има по 9,5 илјади бегалци и мигранти, по неколку стотици до неколку илјади се распрскани во прифатни центри низ земјата, а околу 12 илјади се во Идомени. Во последните 24 часа во Грција пристигнале 2.400 бегалци и мигранти.

XS
SM
MD
LG