Достапни линкови

Идомени почнува да се празни


Дел од бегалците го напуштаат кампот во Идомени
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:38 0:00

Дел од бегалците го напуштаат кампот во Идомени

Некои од бегалците велат дека ќе прифатат да бидат преместени во подобри услови, други, пак, дека ќе останат во Идомени дури и по цена на својот живот.

Иако илјадници бегалци и мигранти во тешки услови се уште кампуваат во Идомени во Грција надевајќи се дека Македонија ќе ја отвори границата, одреден број од нив заминуваат кон Атина со надеж дека побргу ќе бидат распоредени во некои од западноевропските земји. На влезот во кампот стојат автобуси кои за цена од 25 евра ги носат бегалците до грчкиот главен град.

Ќе останам овде бидејќи сакам да одам кај мојот син во Германија. Стигнав до тука многу тешко за да заминам кај мојот син, а не да останам тука или да одам во друг камп во други услови. Тоа го знае вашата и другите влади и не знам зошто не ја отвораат границата.
Фатима Ахмед од Сирија.

Грчките власти деновиве најавија дека багалците треба да прифатат дека македонската граница е затворена и дека мора да се преместат во организирани прифатни центри. Но мигрантите и бегалците генерално не се запознаени со ваквата информација. Активистите и волонтерите велат дека е точно оти се подготвуваат прифатни центри во близина на Идомени.

Некои од бегалците велат дека ќе прифатат да бидат преместени во подобри услови, други, пак, дека ќе останат во Идомени дури и по цена на својот живот.

Фатима Ахмед е од источна Сирија и со своите три деца десет дена живее во шатор во Идомени. Таа вели дека се чувствува како да поминале десет години, но цврсто стои на одлуката да не го напушти кампот.

„Ќе останам овде бидејќи сакам да одам кај мојот син во Германија. Стигнав до тука многу тешко за да заминам кај мојот син, а не да останам тука или да одам во друг камп во други услови. Тоа го знае вашата и другите влади и не знам зошто не ја отвораат границата.“

Фатима вели на дождот во калта не е здраво да живеат ни животни, упатувајќи критики кон Европа дека цело време говори за демократија и човекови права, а не прави ништо тие да ги заштити.

Вала Џбара е од Сирија и има 23 години. Тој за разлика од Фатима е подготвен да замине во друг камп со своето семејство доколку им бидат понудени подобри услови.

„Ако кампот биде добар ќе одам со моето семејство, но прво сакам да видам како е таму па да се вратам да го земам моето семејство. Но само доколку кампот е блиску, бидејќи да се враќаме во Атина е невозможно. Не знаеме што ќе се случува таму. Градот Поликастро е многу блиску за нас и би можеле да одиме таму во камп.“

Утринава американскиот помошник државен секретар за европски прашања, Викторија Нуланд го посетила кампот за бегалци во Идомени каде од страна на членови на УНХЦР и Доктори без граници била информирана за ситуацијата, но заминала без да даде коментар.

  • 16x9 Image

    Владимир Калински

    По завршувањето на студиите по новинарство започна да работи во А2 телевизија каде што известуваше за политички, економски и социјални теми. Потоа беше ангажиран во македонската редакција на Радио Дојче Веле во Бон. Во последниве неколку години работи во Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG