Достапни линкови

Нуланд го посети прифатниот камп Винојуг во Гевгелија


Директорот на Бирото за јавна безбедност Горанче Савовски денеска се сретна со помошник секретарот за европски и евроазиски прашања на Стејт департментот на САД, Викторија Нуланд во прифатниот центар „Винојуг“ во Гевгелија. Нуланд го посети прифатниот центар „за да се запознае непосредно со предизвиците со кои се соочуваат македонските власти и условите во кои живеат мигрантите“, се наведува во соопштението на МВР.

На состанокот се разговарало за актуелната состојба со мигрантската криза, идни решенија за избегнување на тензичните ситуации на границите долж балканската рута, регистрацијата на мигрантите и за можните начини за натамошно продлабочување на соработката во справувањето со миграциските текови на сите засегнати земји од мигранстката криза. Исто така се разговарало и за хуманитарниот аспект на мигрантската криза, информира МВР.

XS
SM
MD
LG