Достапни линкови

Повторно солзавец во косовскиот парламент


Архивска фотографија

Архивска фотографија

Седницата на косовскиот Парламент денеска е прекината уште пред да почне, откако опозициски пратеници повторно активираа солзавец. Прогласена е пауза, а во зградата на Парламентот е зајакнато присуството на полицијата. Опозицијата неколку пати во изминатите месеци ги прекинува седниците на парламентот фрлајќи солзавец во салата.

Косовската парламентарна криза трае подолго од шест месеци, поради тоа што три партии од опозицијата се противат на формирањето на Заедницата на српските општини, како и на спогодбата за демаркација на границата со Црна Гора.

XS
SM
MD
LG