Достапни линкови

Турција нема да ги прими назад мигрантите од грчките острови


Турција нема да ги прими назад мигрантите, кои веќе се наоѓаат на грчките острови, како дел од предлогот за договор кој во понеделникот беше разгледан со европските лидери, изјави денеска турскиот министер за евроинтеграции Волкан Бозкар.

„Турскиот предлог не се однесува на мигрантите кои сега се наоѓаат на грчките острови“, истакна Бозкар.

Тој нагласи дека при оваа реадмисија ќе станува збор за десетици илјади лица, а не за милиони.

XS
SM
MD
LG