Достапни линкови

logo-print

ДИК за известувањата од граѓани за Избирачкиот список


Државната изборна комисија попладне ќе одржи седница на која ќе расправа за известувањата примени од граѓаните кои се однесуваат на сомнителни записи во електронскиот Избирачки список. Известувањата, како што соопшти ДИК, се однесуваат за лице кое не е државјанин на Македонија, лице кое не поседува важечка лична карта или патна исправа, лице кое нема наполнето 18 години, лице кое е на привремена работа или престој во странство, лице кое има живеалиште на друга адреса, а претходно имало живеалиште на дадената адреса, лице кое е починато, лице кое не живее на одредената адреса, а нема податок дека има друго живеалиште.

XS
SM
MD
LG