Достапни линкови

Лајтнер: затворањето на балканската рута е постојано


Јохана Микл Лајтнер

Јохана Микл Лајтнер

Југоисточната балканска рута, главниот пат на мигрантите кон северот на Европа ќе остане постојано затворена. Ова го изјави австриската министерка за внатрешни работи Јохана Микл Лајтнер за германскиот весник „Велт“. Според неа, само ваков конзистентен сигнал ќе ги одврати мигрантите да ја користат балканската рута. Само годинава низ таа рута минале околу 140 илјади луѓе. Во минатата година таа бројка изнесуваше над 800 илјади.

XS
SM
MD
LG