Достапни линкови

Порошенко нуди размена на затвореници за Савченко


Украинскиот претседател Петро Порошенко изјави дека е подготвен за ослободување на украинската пилотка Надија Савченко да понуди размена на затвореници со Русија. Судењето на Савченко која е обвинета за помагање при убивањето на двајца руски новинари во источна Украина заврши вчера. Таа го отфрли обвинувањето и најави дека го продолжува штрајкот со глад што го почна на 3 март. Во Украина и во Русија имаше протести за ослободување на Савченко, а и многумина светски лидери го побараа тоа од Москва.

XS
SM
MD
LG