Достапни линкови

Мигрантите мора да го напуштат кампот кај Идомени


Мигрантите и бегалците кои престојуваат во импровизираниот камп Идомени на грчко македонската граница мора да прифатат дека границата е затворена и да се преселат во организираните прифатилишта, изјави грчкиот министер за јавен ред и заштита на граѓаните Никос Дендијас. Тој додаде дека неговата земја може да обезбеди подобри услови за нивно сместување во други кампови, оддалечени на десетина километри од Идомени. Министерот Дендијас изјави дека на мигрантите ќе им бидат делени летки со пораката: „Нема надеж дека ќе го продолжите патот на север, затоа дојдете во камповите каде што ќе ви обезбедиме помош“. Над 14 илјади мигранти и бегалци престојуваат во шатори во кампот кај Идомени. Во овој момент во Грција се заглавени над 36 илјади мигранти.

XS
SM
MD
LG