Достапни линкови

logo-print

Времето денеска: облачно со повремен дожд


Во Македонија ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни ќе бидат во североисточниот и источниот дел на земјава. Преку денот ќе дува умерен ветер претежно од југозападен правец. Утринската температура ќе се движи од три до седум, а дневната од шест до 12 степени. Во Скопје ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, но повремено ќе бидат обилни. Ќе дува умерен ветер претежно од југозападен правец. Утринската температура ќе се спушти до шест, а дневната ќе се искачи до 10 степени.

XS
SM
MD
LG