Достапни линкови

Протест за ослободување на украинската пилотка Савченко


Илустрација

Илустрација

Десетина руски активисти денеска протестираа во Санкт Петерсбург за ослободување на затворената украинска пилотка Надја Савченко. Тие носеа голем натпис „Спасете ја Надежда“ во протестот на брегот на реката Нева. Активистите велат дека нивниот повик има две значења – да се ослободи Савченко од затвор и да се зачува надежта во иднината во Русија. Полицијата пристигнала по 30 минути и ги натерала активистите да го отстранат натписот, но немало апсења. Полицијата вчера во Москва уапси 35 демонстранти, главно жени, кои протестираа за поддршка на Савченко во центарот на главниот град на Русија. Тие беа подоцна ослободени. Таа, во притвор во Русија, го чека изрекувањето на пресудата за поврзаност со смртта на двајца руски новинари во источна Украина во 2014 година. Киев и западните земји тврдат дека таа била киднапирана и незаконски пренесена во Русија, каде што се соочува со политички монтиран процес.

XS
SM
MD
LG