Достапни линкови

Протестен марш на бегалци и мигранти во Атина


Архивска фотографија

Архивска фотографија

Грчката полиција денеска запре протестен марш на мигранти и бегалци пред тие да стигнат до плоштадот „Викторија“ во центарот на Атина. Маршот беше запрен токму пред седиштето на полициската станица за странци, јави дописникот на МИА од Атина. Повеќето од демонстрантите пеш тргнале од центарот за бегалци во Схисто, носејќи транспаренти на кои пишува „Отворете ги границите, и ние сме луѓе“, во знак на протест против затворањето на границите во централна Европа. Полицијата ги стави бегалците и мигрантите во автобуси за јавен превоз и тие беа транспортирани назад во привремениот прифатен центар во Схисто.

XS
SM
MD
LG