Достапни линкови

Пријавување нерегуларности или сценарио за спас


СДСМ отвори телефонски број на кој од денеска граѓаните ќе можат да пријават нерегуларности во избирачкиот список (02/ 3293-109), а потоа правниот тим на партијата ќе ги проследи во соодветна законска форма до Државната изборна комисија.

Во денешното соопштение СДСМ посочува дека прочистен, кредибилен избирачки список е еден од предусловите за фер и демократски избори во Македонија.

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ, пак, реагира дека ваквата најава на СДСМ е сценарио за спас на раководството на партијата. Според нив, опозициската партија има три цели: алиби за да ги одложи изборите, алиби за да не излезе на избори или алиби за да не ги признава резултатите од изборите.

„СДСМ сака со фабрикување скандали да дојде на власт. На власт се доаѓа со добивање доверба од граѓаните, а не со лажење на граѓаните. Ваквите обиди за манипулирање на СДСМ наидуваат на потсмев во јавноста. Граѓаните на 5-ти јуни на фантомските предводници на ваквиот катастрофален СДСМ ќе им го покажат патот надвор од политиката“, се вели во реакцијата на владејачката партија.

XS
SM
MD
LG