Достапни линкови

Бродовите на НАТО во Егејско Море ги плашат шверцерите со луѓе


Има индиции дека патролите на бродовите на НАТО во источниот дел на Егејско Море го намалуваат бројот на мигранти, кои од Турција патуваат кон блиските грчки острови, информираат американските медиуми, повикувајќи се на високо позициониран грчки претставник. Грчкиот заменик министер за одбрана, Димитрис Вицас изјави дека бродовите на НАТО, што оваа недела почнаа да патролираат низ Егејско Море, извршиле притисок врз шверцерите, кои и натаму транспортираат мигранти и бегалци. Од Турција кон Грција просечно дневно се префрлаат по околу 2.000 лица, пренесува БТА. Вицас за државното радио кажа дека вчера во неговата земја влегле околу 700 лица.

Во моментов Турција води преговори со Европската унија за постигнување спогодба која ќе има за цел да го намали бројот на мигранти кои преминуваат во Европа.

Турција и Грција го поддржаа таканаречениот договор за реадмисија, што на Атина ќе ѝ овозможи да ги враќа мигрантите кои нелегално пристигнале на нејзина територија, забележуваат американските медиуми.

XS
SM
MD
LG