Достапни линкови

Принцот Чарлс следната недела во посета на Косово


Британскиот престолонаследник, принцот Чарлс

Британскиот престолонаследник, принцот Чарлс

Британскиот престолонаследник, принцот Чарлс, следната недела ќе престојува во Косово, во рамките на неговата мини балканска турнеја.

„Сите ја очекуваат посетата на Принцот од Велс и неговата сопруга Камила следната недела“, напиша на „Твитер“ британскиот амбасадор во Косово, Рори О`Конел.

Ова е прва посета на принцот Чарлс на Косово, по прогласувањето на независноста и втора негова посета, по онаа во 1999 година.

Инаку, во рамките на балканката турнеја која ќе трае десетина дена, Чарлс и Камила ќе ги посетат и Хрватска, Србија и Црна Гора.

Принцот Чарлс последен пат во регионов престојуваше во 2007 година, кога со Камила беа во посета на Босна и Херцеговина.

XS
SM
MD
LG