Достапни линкови

Над 1.000 мигранти заглавени во Табановце


Архивска фотографија

Архивска фотографија

Во транзитниот центар кај Табановце има вкупно 1015 мигранти, а една поголема група од Авганистан се сместени речиси три недели, соопшти денеска координаторот на центарот, Горан Стојановски. Веќе трет ден 437 мигранти се наоѓаат во меѓуграничниот простор помеѓу Македонија и Србија. Денеска екипи на УНХЦР и други хуманитарни организации им доставија облека, ќебиња, хигиенски средства, храна и вода. Мигрантите се сместени во шатори, претежно семејства со мали деца и постари лица. Тие изјавуваат дека сакаат да го продолжат патот кон северните земји, кон нивните крајни дестинации Германија и другите држави членки на ЕУ.

XS
SM
MD
LG