Достапни линкови

Продолжени европските санкции поради анексијата на Крим


Crimea, Ukraine - In the footsteps of a stranger: what to do with Ukraine, Crimea

Crimea, Ukraine - In the footsteps of a stranger: what to do with Ukraine, Crimea

Амбасадорите на ЕУ денеска го продолжија за шест месеци замрзнувањето имот и забраната за издавање визи за 146 поединци и 37 субјекти, кои, според ЕУ, имале корист од руската анексија на Крим од Украина или биле одговорни за активности против територијалниот интегритет на Украина. На листата се и рускиот вицепремиер Дмитри Рогозин, советникот на рускиот претседател Владимир Путин, Сергеј Глазјев и Дмитри Кисељов, кој многумина го сметаат за главен пропагандист на Кремљ. Тројца луѓе кои починаа во изминатиот период се тргнати од листата, меѓу кои и поранешниот директор на руското воено разузнавање Игор Сергун, кој ненадејно почина во Либан на почетокот на годината.

Одлуката треба да стапи во сила оваа недела. На 2 март, САД објави дека ги продолжува сличните санкции. Главните економски санкции против рускиот енергетски и банкарски сектор треба да бидат обновени во јули годинава.

XS
SM
MD
LG